За првпат нема ниту еден нов случај: Дали Нов Зеланд го победи коронавирусот? (ВИДЕО)

Во Нов Зеланд денеска не бил пријавен ниту еден нов случај на коронавирус, прв пат од 25 март кога во таа земја биле воведени строги мерки за затворање.

Директорот на директоратот за здравство Ешли Блумфилд рекол на конференција за новинарите дека тоа е причина за славење.

Блумфилд го истакнал фактот дека вкупниот број на починати во таа земја останал на 20.

– Ова е прв ден да немаме новозаболени и сакаме да остане така. Ова е резултатот на напорите кои сите ги вложивме, рекол Блумфилд, пренесува Ројтерс.

Во Нов Зеланд минатата недела се укинати строгите мерки во чии рамки повеќе од еден месец беа затворени училиштата, канцелариите, трговски центри, рестораните, игралиштата и сите останати јавни површини, но на сила останаа неколку рестрикции.

Милиони студенти и ученици наставата и понатаму ја продолжуваат од дома, а поединечни економски активности се повторно започнати.

Блумфилд предупреди дека луѓето мораат наставата да ја одржуваат на социјална дистанца, за вирусот да не се врати.

Инаку, според последното истражување, граѓаните на Нов Зеланд се најзадоволни од тоа како нивната земја се справила со епидемијата со коронавирусот.

Макрон со најлош рејтинг во справување со пандемијата, од оваа жена-лидер граѓаните се најзадоволни (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот