Макрон со најлош рејтинг во справување со пандемијата, од оваа жена-лидер граѓаните се најзадоволни (ФОТО)

Profimedia

Граѓаните на државите најпогодени од коронавирусот се најмалку задоволни од одговорот на владата на епидемијата, според анкета објавена денеска.

На скала од 0 до 10, најлошиот рејтинг го доби францускиот претседател Емануел Макрон (4,1). Неговиот одговор на епидемијата не е задоволителен за дури 42 проценти од Французите.

Емануел Макрон / Фото: Профимедиа

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн доби највисок рејтинг (7,8). Само седум проценти од граѓаните се незадоволни од нејзините мерки, што ја вивна на врвот на лидери кои успешно се справиле со коронакризата.

Џасинда Арден / Фото: Hagen Hopkins / Xinhua News / Profimedia

Австрискиот канцелар Себастијан Курц доби оценка од 6,8 (со 11 проценти од незадоволните граѓани).

Себастијан Курц / Фото: Профимедиа

Следува германската канцеларка Ангела Меркел со оценка 6 од задоволните и 20 проценти кои се изјасниле како незадоволни граѓани.

Ангела Меркел / Фото: ЕПА

Рејтинг под 6 добија британскиот премиер Борис Џонсон (5,6), италијанскиот премиер Џузепе Конте (5,5) и шведскиот премиер Стефан Левен (5,2).

Борис Џонсон / Фото: ЕПА

Анкетата, во соработка со Институтот Ипсос и нејзините партнери, беше спроведена во седум земји од 16 до 24 април: Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Австрија, Шведска и Нов Зеланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот