За две години над 20 проценти покачување на платите на просветарите

За две години вработените во основното, средното и во високото образование се изборија за трето покачување на платите со кое на нивните сметки за два месеца ќе легнат нови 10 проценти. Просветарите минатиот и овој септември добија по пет отсто.

Министерот за образование Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков вчера ги договорија новите 10 проценти покачување на платите кое ќе важи од 1 јануари 2020 година.

За министерот Адеми ова е историски момент затоа што ова е, како што рече, дополнително, трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти, нагласувајќи дека кумулативно платите се зголеми од 21,3 проценти во еден мандат.

Прочитајте и...  Заев на 24 Анализа: Заедно со порастот на платите ќе стимулираме и пораст на продуктивноста

За поместувањето на исплатата за три месеци порано, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Адеми рече дека наставниците заслужуваат повисоки плати и дека секогаш МОН ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по вчерашниот договор истакна дека е задоволен од исходот на, како што рече, последната рунда  преговори по неколкуте средби со министерот за образование, но нагласи дека ова не значи затворање на прашањето за статусот на наставниците, туку е почеток на нови конструктивни преговори за дополнителни прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот, како што е регресот за годишен одмор, враќање на реални трошоци за превоз до работното место и назад, реалното вреднување на работата во комбинирани паралелки, реално исплаќање на дополнителни часови во наставата итн.

Прочитајте и...  Мицкоски: Јас сум убеден дека овие избори ќе завршат со една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција по објавувањето на договорот меѓу МОН и СОНК рече дека владата која тие ја предводеле склучила колективен договор со кој што се предвидувало динамично зголемување на платите од 25 проценти и дека оваа влада за три години на власт не направила никакво зголемување на платите со што според него, се прекршува колективениот договор.

Од опозицијата велат дека го поддржуваат секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.

Прочитај повеќе

Филипче: Во јули лиценцирани 66 докори на медицина, половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти

Слободен печат

Што снимаш ти мајмуне- нападната новинарската екипа на Ал Џезира (ВИДЕО)

Слободен печат

Два нови случаи на коронавирус во Кавадарци

Слободен печат

Вучиќ за Ројтерс: Се исплатеа напорите на Германија и Франција, прва релативно оптимистична вест (ФОТО)

Слободен печат

Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори (ВИДЕО)

Слободен печат

Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува на домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Доставени картичките за „зелена нафта” во Струмичкиот регион

Слободен печат

Димитров: Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со ЕУ

Слободен печат

МОФ: Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање

Слободен печат

Ангеловска на тркалезна маса на СБ за поддршка на приватниот сектор во КОВИД-19

Слободен печат

Британската Влада до 2025 година ќе ја отстрани опремата на Хуавеј

Слободен печат

Јанушев: Раст на пензиите од 20% и раст на плати од 25% за еден мандат (ВИДЕО)

Слободен печат