За да не ви паѓа косата јадете јајца, а за да не ви пука устата консумирајте месо

profimedia

Во последно време ви трнат рацете и чувствувате вкочанетост на одредени делови на телото? Во тој случај реагирајте што е можно побрзо бидејќи на вашето тело му недостасуваат исклучително важните витамини какви што се витамините од групата Б, како и фолна киселина.

За правилно да функционира, етапно да старее, но и правилно да се развива еден човечки организам, потребно му е изобилство витамини и минерали и тоа од сите видови.

Имено, без витамини организмот не може да функционира како што треба. Денешниот начин на исхрана лесно може да доведе до недостиг на витамини и минерали во организмот, без разлика дали јадете намирници што не ви одговараат или, пак, тоа се случува поради проблеми со варењето на храната поради кое не доаѓа до нивно апсорбирање во телото.

Сепак, тоа не значи дека ќе се разболите, но можете да имате проблеми со функционирањето, бидејќи витамините се двигатели за сите биохемиски реакции во организмот. Тие ви се потребни за правилно функционирање и за нормално живеење.

1.Често ви пука устата

Доколку забележувате дека устата многу често ви пука или често се појавуваат пукнатини на аглите на устата, тогаш најверојатно ви недостигаа железо, цинк и витамини од Б групата како Б3, Б2 и Б12.

За да го решите овој проблем, во исхраната почесто внесувајте пилешко или мисиркино месо, туна, јајца, блитва, кикиритки и мешунки. Витаминот Ц, пак, ја подобрува апсорпцијата на железото па наведените намирници искомбинирајте ги со брокула, кељ, карфиол или пиперки.

  1. Ви паѓа косата?

Косата ви паѓа и ви се појавуваат црвенила на лицето и на рацете, тогаш најверојатно организмот се бори да ги надомести потребите за витаминот  биотин, кој е познат и како витамин за коса. Сепак, не паничете и почнете редовно да јадете тврдо варено или печено јајце, лосос, авокадо, карфиол, соја, ореви, малини и банани.

  1. Чувствувате трнење на рацете

Во последно време ви трнат рацете и чувствувате вкочанетост на одредени делови на телото? Во тој случај реагирајте што е можно побрзо бидејќи на вашето тело му недостасуваат исклучително важните витамини какви што се витамините од групата Б, како и фолна киселина.

Покрај со апчиња, можете да ги надоместите и со јадење спанаќ, морков, цвекло, грав и јајца.

  1. Грчење на мускулите

Состојбата на грчење на мускулите ја почувствувале многумина. Сепак, таа може да предизвика сериозна штета по здравјето како и опуштање на мускулите и тоа во голема мера.

Доколку тоа често ви се случува, треба да знаете дека најверојатно ви недостасуваат магнезиум, калциум и калиум.

За да го намалите недостигот од овие минерали, треба во исхраната да внесувате повеќе банани, бадеми, лешници, цреши, јаболка, грејпфрут, брокула, кељ и спанаќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот