Вујовиќ не е повеќе селектор на Словенија

Денеска словенечката ракометна федерација објави дека Веселин Вујовиќ нема повеќе да ја води најдобрата машка ракометна репрезентација.

Екс тренерот на македонскиот и европски шампион Вардар ја водеше националната селекција на Словенија од мај 2015. година.

На Светското првенство 2017 година со репрезентацијата успеа да го освои бронзениот медал, потоа шесто место на Олимпијадата 2016 и осма позиција на ЕП 2018 година.

Легендарниот југословенски репрезентативец си замина на еден и пол месец пред почетокот на наредното Европско првенство 2020.

Врачен му е отказ откако неколку играчи се побунија дека нема да играат на евро шампионатот доколку остане селектор.

– После повеќе од четири години одлична соработка, започнаа да владее заситеноста внатре во националниот тим, што би можело значајно ограничување и преголем ризик за претстојното ЕП – се вели во соопштението на словенечката ракометна федерација.

На наредното ЕП Словенија се наоѓа во групата „Ц“ со Шведска, Полска и Швајцарија. Неодамна Вујо имаше нов гаф на клупата на хрватскиот ракометен клуб ППД Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот