Вучиќ: Косово е дел од Србија, Курти да ги однесе наводните градоначалници на југ, тогаш ќе има вистинско помирување

Косово е дел од Србија, тоа е многу јасно и пишува во Уставот на Србија, тоа го потврдува и Резолуцијата на ОН од 1999 година. Што е проблемот, изјави претседателот Александар Вучиќ во интервју за „Ла Стампа“.

Вучиќ истакна дека Србите кои живеат на северот на Косово речиси секоја недела се чувствуваат несигурно од специјалните единици на косовската полиција.

Приштина нема право да држи специјална полиција на север. Ги приведуваат, запираат, ги малтретираат нашите луѓе. Курти отсекогаш велел – „Ние сме суверена земја, имаме право да ги распоредиме нашите сили каде сакаме“. Јасно е дека не може. , истакна Вучиќ.

Србите, потсетува тој, почнаа да протестираат поради незаконските и нелегитимни избори за градоначалници, наведувајќи дека има општини каде градоначалникот го избрале 11 лица.

Дури и Американците и ЕУ го осудуваат неговото однесување. Но, тој не сака тоа да го слушне“, подвлече Вучиќ.

На прашањето што сака од Курти, за да ги прекине протестите, тој одговори:

„Да ги однесе неговите наводни градоначалници на југ и да ги отстрани неговите војници од север. Тогаш ќе има вистинско помирување меѓу Србите и Албанците. Ние го сакаме тоа, подготвени сме на многу компромиси. Од друга страна има и такви чија единствена цел е да ги протераат Србите и да ги покажат мускулите. Го смируваме народот, но ако продолжи вака тоа нема да може“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот