Вучиќ и Додик на средба со патрјархот на СПЦ, без детали што договориле

Александар Вучиќ и Милорад Додик/ Фото: EPA-EFE/VLADIMIR STOJAKOVIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој заедно со премиерката Ана Брнабиќ е во посета на Република Српска и Милорад Додик на одбележување на Денот на сеќавањето на загинатите Срби во акцијата Олуја, порача дека Србија го почитува интегритетот на Босна и Херцеговина, но и дека никогаш не смее да се одрекне од тоа да Србите од двете страни на Дрина се ист народ, дека имаат ист јазик и писмо, јави дописникот на МИА од Белград.

-Не е лесна ниту едноставна ситуација за нас, за никого, поради се потешките притисоци и врз Србија и врз РС, поради се потешката ситуација во Украина. Она што е важно луѓето во РС да знаат е дека Србија секогаш ќе го почитува меѓународното јавно право, но никогаш нема да го заборави или да се откаже од својот народ. Никогаш повеќе нема да има блокади на Дрина, никогаш нема да има вртење со главата на страна кога се зборува за положбата на нашиот народ, и ние ќе се бориме. Ќе се бориме да бидеме свои, да опстанеме, да си го зачуваме името и презимето без да чепкаме никого, рече Вучиќ.

Србија, како што истакна, нема право и не смее да се откаже од поддршката за Република Српска, без разлика која сила сака да воведе санкции против припадниците на српскиот народ.

Додик од своја страна, пак,дека тој и Република Српска не го уриваат Дејтон, договорот со кој запре војната во БиХ во 1990-те години, туку дека тоа го правеле Бошњаците и дипломати од САД и од Велика Британија.

Истакна дека против Србите, како и против Русија, се води пропагандна војна за да бидат оцрнети.

Вучиќ и Додик утре во Бања Лука ќе ги предводат делегациите на состанокот на Советот за соработка меѓу Србија и Република Српска, а потоа заедно ќе учествуваат во одбележувањето на 4-ти август во Приједор кој Србите го одбележуваат како Ден на прогонувањето на Србите од Хрватска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот