Вучиќ телефонски му порача на Борел дека Србија смета на помошта од ЕУ

Фото: МИА

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политиката, Жозеп Борел, во денешниот телефонски разговор се согласија дека е неопходна соработка и координација на мерките помеѓу Западен Балкан и Европската унија во борбата со коронавируот, при што Вучиќ порачал дека Србија смета на помошта на ЕУ во борбата против болеста, како и во отстранувањето на нејзините економски последици, соопштија од Кабинетот на Вучиќ.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Вучиќ и Борел разговарале за тоа како економски да и се помогне на Србија во кризата со коронавирусот, со надеж дека „Србија ќе има ист третман како и земјите-членки и пристап до различни фондови на ЕУ”.

Во врска со набавката на медицинска опрема и материјали за борба против Ковид-19, Вучиќ ја поздравил одлуката на Европската комисија за формирање итни резерви на медицинска опрема и материјали во вредност од 50 милиони евра, кои преку Механизмот за цивилна заштита ќе бидат ставени на располагање и на Србија.

Високиот претставник Борел го известил српскиот претседател дека европските институции ја подготвуваат можноста за земјите во процесот на пристапни преговори да имаат пристап до средствата од Фондот за солидарност на ЕУ, кој сега е достапен и во случај на кризна ситуација во јавното здравство, а не само за природни непогоди, како што беше случај порано.

Вучиќ и Борел разговарале и за регионалната состојба и односите меѓу Белград и Приштина, се наведува во сооптението на српскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот