Вучиќ: Ќе го сочуваме мирот за нашата држава – Вулин: Ова е обид за државен удар и предизвикување граѓанска војна

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача на граѓаните дека државата ќе може да „го заштити мирот и стабилноста и покрај криминалните, хулиганите, насилните напади” кои, како што рече, „ги шокирале сите”.

Во видео порака на официјалниот профил на Инстаграм на Иднина за Србија, Вучиќ ги спореди синоќешните немири во Нови Сад со упадот на фашистичките единици во градот во 1941 година и ги замоли сите граѓани „во Белград и Нови Сад и сите други градови” да не „се спротивставуваат на насилниците”.

„Ние, како држава, ќе го сториме тоа. Ќе го сочуваме мирот за нашата држава”.

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, коментирајќи ги синоќешните протести на улиците во Белград тврди дека има обид за државен удар и насилно преземање на власта и обид за предизвикување граѓанска војна во Србија.

Во изјава за ТВ Пинк тој нагласи дека нема причина да се запали Градската куќа во Нови Сад, да се напаѓа полицијата, да се тепаат луѓе на улиците и да се загрозат животите и имотот на граѓаните на Србија.

Најмалку 19 полицајци и 17 демонстранти се повредени во синоќешните протести во Белград против намерата да се воведе полициски час како мерка за борба со коронавирусот. Според лекари во Итната медицинска помош, нема тешко повредени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот