Второ издание: „Колку да се рече…“ од Васил Мукаетов

Познатиот писател за деца Васил Мукаетов со книгата „Колку да се рече…“ го откриваме во поинаква светлина. Книгата содржи многубројни записи и видувања за општествените прилики и критички фрагменти објавени во македонските печатени гласила, но и литературни објави и осврти од книжевни критичари, како Глигор Поповски, Томе Арсовски, Атанас Вангелов, Весна Мојсова-Чепишевска, Горјан Петрески, Васил Тоциновски, Стојан Тарапуза, Тамара Арсовска, Ермис Лафазановски, Велко Неделковски, Мишо Китановски за поетските книги на Мукаетов.

Издавач на второто дополнето издание на книгата „Колку да се рече…“ е Градската библиотека „Феткин“ од Кавадарци. Со своите читатели Мукаетов другарува уште од 60-тите години на минатиот век преку страниците на списанијата „Другарче“, „Колибри“, „Развигор“, досега има објавено повеќе од 20 книги за деца, а застапен е и во повеќе учебници по македонски јазик и литература за основното образование. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, а во 2017 година ја доби наградата за најдобра книга за деца „Ванчо Николески“ на ДПМ за стихозбирката „Скокни прескокни“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 63, во новогодишниот број на печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 декември 2020 – 3 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот