Втор круг од парламентарните избори во Литванија: Победниците ќе се соочат со кризата предизвикана од пандемијата

Фото: EPA-EFE/Valda Kalnina

Литванија денеска го одржува вториот круг парламентарни избори, чии победници ќе се соочат со растечката здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пренесуваат локалните медиуми.

Литванската опозициска конзервативна Татковинска партија прогласи победа во првиот круг парламентарни извори на 11 октомври, освојувајќи 23 од 141 место во Парламентот.

Парламентарни избори во Литванија: Победа на конзервативците уште во првиот круг

Партијата на фармерите и Унијата на зелените, кои се дел од сегашната владејачка коалиција, завршија на второто место со 16 места, со многу малку партии кои се пласираа во вториот круг.

Вториот круг се одржува во изборните единици каде ниту еден кандидат не освоил мнозинство, а борба се води за 68 пратенички места.

„Гласаме за промена. Уморни од регулативи, забрани и други глупости што оваа Влада ни ги наметна веќе четири години, а не се избори против коронавирусот”, рече еден гласач во Вилнус.

Анкетите се затвораат во 20 часот и резултатите се очекуваат во текот на ноќта. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот