Парламентарни избори во Литванија: Победа на конзервативците уште во првиот круг

Фото: EPA-EFE/Valda Kalnina

Литванската опозициска конзервативна Татковинска партија победи во првиот круг од парламентарните избори, освојувајќи 23 од вкупно 141 пратенички места.

Партиите „Фармери“ и „Унија на зелените“, кои се дел од актуелната владејачка коалиција, според освоените 16 мандати се на второ место со освоени 16 места, а голем број на партии не успеаја да го поминат изборниот цензус.

Двете либерални партии, Партија на слободата и Либерално движење освоија 14 места, работничката партија – девет, а Социјал-демократката партија – осум пратенички места.

Тројца кандидати во едночлените изборни единици прогласија победа во првиот круг од парламентарните избори, меѓу кои и поранешната министерка за финансии и една од лидерите на Татковинска партија, Ингрид Симоните. Таа е поранешна кандидатка на претседателските избори, а се очекува да биде и нова премиерка на Литванија.

Вториот круг од парламентарните избори е закажан на 25 октомври, а ќе се одржи во изборните единици каде ниту еден кандидат не добил мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот