ВТА: Ѓорческа без промена на рангот, Стоилковска со скок за четири позиции

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

На новообјавената ранг листа на ВТА македонските тенисерки имаа ист број поени како и претходната недела.

Лина Ѓорческа се наоѓа на 186 место (ист ранг) со вкупно 399 поени. Магдалена Стоилковска е на 1233 место со осум поени и скок за четири позиции.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има мал пад од две позиции и е рангирана на 311 место со 256 поени, додека Стоилковска има скок од осум места за моментно 1467 позиција со шест поени.

Нема промени во Топ 10, првопласирана е Арина Сабаленка од 9480 поени, пред Ига Швјонтек (Полска) со 8890, а третопласирана е Коко Гоф од САД (5955).

Редоследно од четвртото до 10 место се наоѓаат Џесика Пегула (САД), Елена Рибакина (Казахстан), Марија Сакари (Грција), Онс Жабер (Тунис), Маркета Вондроушова (Чешка), Каролина Мухова (Чешка) и Каролин Гарсија (Франција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот