Вселенскиот патријарх го објави почетокот на великиот пост и на македонски јазик

Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј

Всленскиот партријарх Вартоломеј пред почетокот на великиот пост објави огласително слово на македонски јазик на веб страницата на Всленската патријаршија.

„Благодатта на Бог на љубовта нè удостои уште еднаш да влеземе во душеполезниот период на умилителниот Триод и да стигнеме до Светата и Велика Четириесетница, поприштето на подвижнички борби полно со дарови одозгора и со крстовоскресно веселие. Во ова благословено време јасно се открива духовното богатство и динамиката на црковниот живот и спасителниот принос во сите свои пројави.

Многу се поучивме од безизлезната и самооправдувачка гордост на фарисејот, од неплодниот етицизам и жестокосрдечноста на постариот син од параболата за заблудениот, и од нечувствителноста и осудата на оние кои беа незаинтересирани за гладните, жедните, странците, голите, болните, и затворените „најмали браќа“ на Судијата. На сите нас ни се откри вредноста и моќта на смирението и покајанието, на простувањето и милосрдието, ставовите на чие негување Црквата настојчиво нè повикува во периодов што започнува“, се вели, меѓу другото, во огласителното слово на Вартоломеј.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот