Времето денеска многу топло, од утре дожд и заладување

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Времето претпладнево ќе биде сончево и многу топло. Од пладне на север и запад малку ќе се зголеми облачноста и во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час). Засилениот ветер попладне ќе се прошири вдолж Повардарието. Поради високите температури на југоистокот се уште ќе биде активно жолтото ниво за опасност од високи температури.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје, претпладне сончево и топло, а од пладне ќе започне да дува повремено засилен северен ветер и малку ќе се зголеми облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови, а ветерот повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опадне за околу осум степени. Во петок повторно ќе дува засилен северен ветер, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот