Временските прилики на Халкидики поповолни, четврти ден продолжува потрагата по Мартин

ФОТО; МИА - Грчка крајбрежна патрола

Во спасувачката операција утрово учествуваат три  пловни објекти и четири патролни возила на грчката крајбрежна стража, како и групи волонтери, додека во текот на денот се очекува да се вклучи и авион.

Четврти ден продолжува потрагата по 30-годишниот турист од Северна Македонија, кој се води како исчезнат од минатата сабота попладне, кога беше однесен од силни морски струи, на плажата Мити, во Посеиди, Халкидики.

Денеска временските услови во подрачјето кое се истражува се поповолни во однос на претходните 24 часа, кога дуваа ветрови од 7 бофори со прекини.

Вчера од САД на Халкидики допатуваа мајката и братот на Мартин кој живее во САД. Во текот на вчерашниот ден беше пребарувано крајбрежјето.

Денеска, според изјавата на пријател на Мартин ќе се трага со дрон под вода, мајката на Мартин треба да потпише согласност, и ако не го најдат истрагата завршува.

Викендов кратко време по исчезнувањето од страна на спасувачките служби беше пронајден Васил, а 19 часа потоа, во неделата од водите на Егејското море е извлечен и Иван кој успеа да се спаси држејќи се на топка која десетина дена пред тоа ја загубиле деца од Солун во местото Лемнос.

Инаку, 25-годишниот Васил е отпуштен од болница и веднаш посакал да контактира со Крабрежната стража која му помогна. Момчето се врати во родниот град Скопје во придружба на родителите, јавија грчките медиуми, додека Иван останува во болницата Папаникоалу во Солун и е во добра состојба. 30-годишното момче е прилично измачено од авантурата која ја доживеал, но денеска лекарите и за него треба да одлучат дали ќе биде отпуштен од болница за да може да се врати во својот дом.

Мартин (30), 25-годишниот Васил и 30-годишниот Иван од Скопје дојдоа на Халикидики за таму заедно да го прослават роденденот на Иван. Сепак роденденската забава доби драматичен пресврт кога одлучија да нуркаат во добро познатата песочна плажа во Посеиди која поради непредвидливите струи ја избегнува локалното население како опасна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот