ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со повремен дожд

Скопје облачно
Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремен дожд.

Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и во вечерните часови вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб променлив ветер.

Во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност. Утре од средината на денот на запад ќе има повремени врнежи од дожд кои попладне ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а понекаде ќе продолжат и во ноќта кон четврток. Утринската температура утре малку ќе се покачи, а потоа ќе е за два до три степени пониска. Нов бран на врнежи се очекува од крајот на работната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот