Вработен закачил своја слика на изложба, галеријата експресно го отпуштила

Илустрација / Фото: Igor Miske in Art & Design / Negative Space

Галерија за современа уметност во Германија отпушти вработен откако откри дека тој закачил свое уметничко дело на поставената изложба, пишува Би-би-си.

Овој 51-годишен вработен продупчил две дупки во ѕидот за да ја постави својата слика во галеријата „Пинакотек дер модерне“ во Минхен. Инцидентот се случил на 23 февруари.

Локалните медиуми објавија дека човекот своето дело го поставил со надеж да се пробие во уметничкиот свет.

Потпаролот на галеријата рекол дека делото не било изложено долго пред изложбата.

– Надзорните лица секогаш забележуваат нешто вакво – рекла Тине Нилер за „Зидојче цајтунг“, додавајќи дека делото му било вратено на уметникот.

Човекот бил вработен во тимот за технички служби на галеријата и себе се опишал како слободен уметник.

Неговото уметничко дело било со димензии 60 на 120 см и било закачено на ѕид во празен премин на галеријата.

Сега, освен што му е прекинат работниот однос, забранет му е и влез во галеријата.

Инаку, ова е една од најголемите галерии за современа уметност во Европа и, меѓу другите, содржи дела од Пабло Пикасо, Макс Ернст и Салвадор Дали.

Сличен инцидент се случи и пред неколку месеци во германскиот град Бон. Вработените пакувале изложба во Бундескунстхале кога забележале една дополнителна слика изложена од некој од посетителите.

Пред неколку месеци сличен инцидент се случил во германскиот град Бон. Персоналот ја пакувал изложбата во Бундескунстхале кога забележале една дополнителна слика изложена од некој човек од надвор, од јавноста.

„Мислиме дека е смешно и би сакале да го запознаеме уметникот. Затоа, јави ни се! Нема проблем. Чесен збор“, објавила галеријата на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Уметникот стапил во контакт со галеријата за да им открие дека сликата е негова. Станува збор за Данаи Еманоуилидис која рекла дека отсекогаш сакала една од нејзините слики да стави на изложба.

– Ја прошверцував облечена во голема дуксерка со качулка преку хеланките – изјавила таа за локалниот јавен сервис ВДР.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот