Вработен во штипска фабрика нападнал колешка на работа, тепачка на колеги и во фирма во Карпош

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Во 21.40 часот вчера во Полициска станица Штип Г.Р.(28) од Штип пријавила дека во 19.30 часот, додека извршувала работни задачи во погон од фабрика во Штип, по претходна расправија била физички нападната од Д.Н., исто така вработен таму.

Сличен случај е пријавен вчера во Скопје. Имено во Полициска станица Карпош С.Б.(28) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот, додека се наоѓал на своето работно место во фирма на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со остар предмет од неговиот колега А.Ш.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи на напад меѓу колеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот