ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Силна експлозија во авганистанска џамија, десетици загинати

Експлозија во Авганистан/ Фото Twitter Screenshot

Огромна експлозија одекна во шиитскaта џамија за време на денешната молитва во авганистанската провинција Кундуз.

Според првичните извештаи, десетици луѓе загинале во експлозијата.

Експлозијата во џамијата Сајед Абад се случила во момент кога многу од верници биле собрани на молитвата.

На социјалните мрежи се појави непотврдена и вознемирувачка снимка, на која се гледаат десетици тела на подот на џамијата.

Авганистанскиот ТОЛО Њуз објави дека локалните власти потврдиле дека имало експлозија, но нема други детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот