ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Чешкиот претседател го носат во болница, тој не мрда – не е позната неговата состојба

Чешкиот претседател го носат во болница во Прага/ Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешкиот претседател Милош Земан денеска е сместен на одделот за интензивна нега, а дијагнозата нема да биде објавена без негова согласност, изјави директорот на болницата и доктор на претседателот, Мирослав Заворал.

– Претседателот на Републиката Милош Земан денеска беше хоспитализиран кај нас по моја препорака. Тој е сместен на одделот за интензивна нега. Не можам да ви ја кажам дијагнозата на пациентот без негова согласност – изјави докторот на Земан, Заворал.

Сепак, објавени се фотографии и видео на кои се гледа како Милош Земан не се мрда додека бил пренесен во болница во инвалидска количка.

Според медиумите, неговата сопруга и ќерка пристигнале во болницата веднаш откако е донесен Земан.

Претходно во неделата беше објавено дека Земан бил примен во Централната воена болница во Прага.

Земан (77) веќе беше хоспитализиран кон средината на септември. Потоа поминал осум дена во болница.

Претседателот на Чешка боледува од дијабетична невропатија во стапалата, поради што неодамна почна да користи инвалидска количка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот