Воздушни напади врз главниот град на Судан и борби во Дарфур

Судан конфликт / Фото AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Во Судан денеска продолжија судирите со воздушни напади врз Картум, додека борбите се интензивираа во областа Дарфур на запад, но нема извештаи за можни жртви.

Жителите на Картум известија дека најголемата болница во главниот град била цел на беспилотно летало, додека во саботата во сличен напад на истиот објект загинале пет лица, а 22 се повредени, соопшти армијата.

Во Дарфур, огромен регион веќе погоден од граѓанска војна во 2000-тите, локалните жители денеска изјавија дека борбите продолжуваат.

Судирите во Судан избија на 15 април меѓу суданската армија и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали. Во борбите меѓу армијата на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и паравоената формација на генералот Мохамед Хамдан Дагл од средината на април, загинаа 3.000 луѓе, додека повеќе од три милиони ги напуштија своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот