Возач на моторно возило тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Возач на патничко моторно возило бил тешко повреден во една од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле вчера. Во седум сообраќајки со полесни повреди се здобиле осум лица, а во четири била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 19 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, двајца возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници, како и 13 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле и пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, осум возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден за не носење заштитен шлем, 20 возачи за не носење сигурносен појас, како и 27 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 108 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети биле 71 возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот