Воз удри во автомобил во Прилеп, возачот и совозачот иако повредени одбиле помош

Патнички воз на МЖ/Фото: Архива на Слободен печат

Во Полициската станица Прилеп вчера во 17. 40 часот било пријавено дека непосредно до железничко стојалиште „Тројкрсти” – Прилеп се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(48) од Прилеп.

Во незгодата со повреди се здобил возачот и совозачот Д.Б.(75) од Прилеп, но одбиле да им биде укажана помош.

Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 19.00 часот, а увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот