„Волстрит журнал“: Хуавеи користеше полициски системи за да пристапи до мобилните мрежи во повеќе земји

фото: EPA-EFE/WU HONG

Според „Волстрит журнал“ официјален Вашингтон за тоа ги известил Велика Британија и Германија кон крајот на 2019 година.

Кинеската технолошка компанија Хуавеи користеше системи наменети за полицијата за да пристапи до мобилните мрежи во повеќе земји, објави денеска „Волстрит журнал“.

Весникот повикувајќи се на неименувани американски претставници тврди дека таквата пракса траела повеќе од 10 години, додека кинескиот гигант ги отфрли таквите тврдења.

Според „Волстрит журнал“ официјален Вашингтон за тоа ги известил Велика Британија и Германија кон крајот на 2019 година.

Во согласност со законот сите производители на мрежна опрема се обврзани да овозможат пристап до мрежите ако побараат. Додека операторите на мрежи го задржуваат правото да не дозволат пристап на производителите на опрема, но Хуавеи наводно го заобиколил тој процес и имал пристап до мрежите.

Според американските претставници само Хуавеи бил во можност да има пристап до мрежите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот