ВОЛШЕБНА МЕШАВИНА: Познатата блогерка со „лек“ за слабеење, против првут и затегната кожа

Принтскрин/Инстаграм

Фара Дукаи е една од најпознатите и највлијателните инстаграм-блогерки, која покрај природни препарати, има и своја козметичка линија.

Сепак, и покрај популарноста, таа останува доследна на природните лекови и препарати кои постојано ги презентира преку своите видеа.

Овојпат Фара на младите девојки, но и на сите кои имаат потреба од тоа, им откри рецепт за волшебна мешавина, благодарение на која ќе се ослободат од акните и првутот, ќе изгубат килограми, но и кожата ќе им биде сјајна и затегната.

Ова е рецептот:

1/2 чаша вода
1 лажица јаболков оцет
1/2 чаша свежо цеден сок од јаболко
Цимет во количина по желба

Откако ќе се измешаат состојките можете да ја користите течноста за масажа на кожата на главата. Уште по првата употреба ќе забележите разлика.

Доколку ја пиете течноста, додадете уште малку вода. Фара советува да пиете со цевка, за смесата да има што помал контакт со забите. Со пиење на смесата, таа ослабнала и повеќе од што планирала. Блогерката тврди дека на овој начин ја подобрила и крвната слика и го зајакнала имунитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот