Водечки научници: Долго препорачуваната секојдневна физичка активност од 30 минути може да биде „за џабе“?

Фото: Профимедиа

Деценискиот совет за практикување физичка активност од 30-тина минути на ден може да не им користи на сите, тврдат научниците. Истражувањато предводено од Каледонскиот Универзитетот во Глазгов покажува дека алтернативно, три минути вежбање за секој час поминат во седење може да го продолжи животот за 30%.  

unsplash

Фото: UnsplashСепак, водечките научници велат дека не постои универзален пристап кога станува збор за физичка активност и посочуват дека предолгото седење може дури и да ги „поништи“ придобивките од вежбањето.

Четиригодишното истражување, објавено во британскиот журнал за спортска медицина, ги анализира податоците од шест претходни студии, вклучувајќи повеќе од 130 000 возрасни лица во Велика Британија, САД и Шведска. Станува збор за анализа на тоа како различни комбинации на активности (од трчање и брзо одење до домашни активности и седење) влијаат на смртноста.

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Резултатите покажуваат дека, иако досегашната препорака за 30 минути вежбање на ден ги намалува шансите за рана смрт до 80% за оние кои седат помалку од 7 часа, сепак, не го намалува ризикот од смртност кај лица кои седат повеќе од 11 часа на ден.

Како заклучок од истражувањето се изведува дека најдобрата комбинација на активности за намалување на шансите за рана смрт за 30% е да се направат три минути умерено до енергично вежбање, или 12 минути лесна физичка активност, за секој час од денот поминат во седење.

Unsplash
Фото: Unsplash

Професорот по Динамика на здравствено однесување, Себастијан Частин, смета дека оваа „нова формула“ ќе им помогне на луѓето да живеат „подолг и поздрав живот“, додавајќи дека „останатите часови треба да се поминат во движење, колку што е можно повеќе и квалитетен сон“.

„Триесет минути физичка активност на ден или 150 минути неделно е она што се препорачува, но постои можност да го избришете целиот резултат доколку седите премногу долго.“, вели тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот