ВО ЖИВО: Сослушување и протест во Лондон против испораката на Џулијан Асанж

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во Главниот кривичен суд во Лондон започна сослушувањето за испораката на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

Процесот би требало да трае три до четири недели, а пред зградата се собираат граѓани со намера да изразат незадоволство против негова екстрадиција во САД.

Министерството за правда на САД подигна обвинение против Асанж кој се товари дека сторил 18 кривични дела, вклучувајќи и завера за хакирање на интернет страници на државни институции и за шпионажа.

САД лани почнаа со процесот за екстрадиција на Асанж кој по седум години минати во амбасадата на Еквадор во Лондон беше префрлен воп затворот „Белмарш“ во англиската престолнина. Сослушувањето почна во февруари, но набрзо беше прекинато поради пандемијата на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот