Во Желино нема да се прегласува, Беса остана без директниот повод да излезе од владата

Желино / фото: Izmit1 / Google Maps

Тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино денеска беше прифатена од Управиот суд, што значи дека во општината, во која со мала разлика победи кандидатот на Беса Блерим Сејди пред кандидатот на ДУИ Фатмир Изаири, ќе нема прегласување и дека за градоначалник е избран Сејди, објави „360 степени“.

Одлуката со која се потврдуваат резултатите од гласањето во вториот круг во Желино, ја донесе Советот на Судот.

По одлуката на ДИК, генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, во петокот го обвини коалицискиот партнер ДУИ дека, како што наведе, „им забил нож во грб со приговорот” и оти „Желино може да ја сруши владата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот