Во Замбија тестирани сите пратеници, 15 се позитивни на коронавирусот

Во Јужна Африка, двајца министри неодамна беа хоспиталиизрани откако се заразиле со болеста.

Петнаесет пратеници на замбискиот Парламент се позитивни на коронавирус, откако сите законодавци деновиве беа подложени на задолжително тестирање, изјави денеска  министерот за здравство, Читалу Чилуфија, јави ДПА.

Тестирањата беа наредени откако двајца пратеници починаа во текот на викендот.

Во меѓувреме, портпаролот на кениската Влада, Сајрус Огуна, исто така, потврди дека е позитивен на вирусот.

„Имав лесни симптоми и примив лекарства во објект за изолација”, напиша тој на Твитер.

Во Јужна Африка, двајца министри неодамна беа хоспиталиизрани откако се заразиле со болеста.

Досега  Замбија има пријавено 3.584 случаи на коронавирус, додека Кенија има регистрирано 15.601.

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна предупреди дека по бавниот почеток на пандемијата на африканскиот континент, бројот на случаи сега рапидно расте, потсети ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот