Во Загреб загинаа адвокат и младо момче

Загреб полиција/ Фото: Принтскрин

Загребската полиција го заврши увидот на сообраќајната несреќа во која утрово загинаа 24-годишен мотоциклист и 68-годишен велосипедист , чиј идентите подоцна е утврден, но засега е непозната причината за несреќата, односно не се знае кое светло било запалено на семафорот во моментот кога возачите се судриле на раскрсницата.

Загинатиот мотоциклист е Матија П. Роден 1997 година. Ги сакал моторите и неговиот фејсбук профил бил преполн со објави за мотори и автомобили. Момчето возачкиот испит за категорија А го положило минатото лето, пишува Индекс.хр.

За идентитетот на втората жртва пишува порталот Јутарњи и вели дека станува збор за адвокат, кој планирал прошетка со велосипед до Јарунско Езеро.

Бидејќи подолго време не се јавил дома, семејството се посомневало дека можеби тој е личноста која загинала во несреќата која утринава ја разбранува загребската јавност. Полицијата скоро цел ден се обидувала да го дознае идентитетот на втората жртва, кој, како што неофицијално дознаваат, го потврдила неговата сопруга.

ВИДЕО | Во сообраќајка во Загреб загинаа две лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот