Во струмичката болница нема слободен кревет, 23 специјализанти на испомош

Во струмичката болница сите капацитети за сместување на ковид-пациенти се исполнети. Медицинска помош добиваат вкупно 83 граѓани, од кои 40 се на болничко лекување, а 43 се лекуваат со примање терапија во дневна болница.

Директорот д-р Наќе Гогов информира дека во последните денови добра вест е што нема нови позитивни на Ковид-19 од медицинскиот персонал. Тринаесетте сестри, двајцата лекари и еден техничар,кои досега беа во изолација, се вратиле на извршување на работните врски.

-Покрај нив, во работата ни помагаат и 23 специјализанти, кои се распоредени во одделенијата на болницата. Можам да кажам дека по подолго време имаме доволно медицински персонал и сето тоа придонесува работата да тече колку-толку нормално. Се надевам дека така ќе остане, но како здравствени работници не загрижува големиот број на заболени од Ковид-19 и затоа уште еднаш апелираме до граѓаните строго да се придржуваат до мерките за заштита, рече д-р Гогов.

Според вчерашните податоци во струмичкиот регион досега се регистрирани 1.571 случаи на ковид дијагностицирани, од кои активни се 671, а од последици од коронавирусот досега починале 53 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот