Во сообраќајки во Скопје повредени десет лица

На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои во шест полесно се повредени 10 лица, а во шест е причинета материјална штета.

Според дневниот извештај на СВР Скопје, изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 97 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 81 возило.

Од сообраќај се исклучени 20 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и еден возач почетник, како и 22 нерегистрирани возила и три технички неисправни возила. Санкционирани се и 28 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

На црвено светло поминале осум возачи, неправилно се престроиле 10 возачи, а еден возач не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Извештајот на СВР Скопје покажува и дека 31 возач зборувале на мобилен телефон додека возеле и седум возачи не носеле сигурносен појас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот