Во Скопје уапсен старец (70), во домот чувал масло од канабис и дигитална вага

Фото: Профимедиа
Седумдесетгодишен старец од Аеродром е уапсен вчера, откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла шприц со течна смолеста материја и една дигитална вага со остатоци од марихуана, информира МВР.
-На 20.12.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(70) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, шприц со течна смолеста материја и една дигитална вага со остатоци од марихуана- наведува МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот