Во Штип одбележани 78 години од депортирањето на 131 еврејско семејство

Фото: John MACDOUGALL / AFP / Profimedia

 Во Штип на споменикот на Холокаустот и на еврејските гробишта денеска беше одбележана 78-годишнината од депортацијата на штипски Евреи во Втората светска војна.

Пепо Леви од Еврејската заедница во Македонија во своето обраќање потсети дека  во раните утрински часови, на 10 март 1943 година, буквално од своите кревети во еврејското маало беа собрани мажи, жени и деца од 131 еврејско семејство. Најнапред беа однесени во тутунскиот комбинат во Скопје, а од таму заедно со Евреите од Битола и Скопје, во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка.

-Од Треблинка не се врати ниту еден од 535 депортирани штипски Евреи. Македонија загуби 7.144 Евреи во Треблинка, логорот на смртта, кој во колективната меморија на македонскиот народ никогаш нема да биде заборавен како најгрозоморниот чин што се случи на овие простори, рече Леви.

Ќе простиме, но нема да заборавиме, истакна Леви, за никогаш да не се повтори, а ние, како што рече, ќе продолжиме да чекориме напред горди што сме нивни потомци.

Освен споменикот во центарот на Штип, подигнат во чест на депортираните Евреи во Штип, еврејските гробишта се уште еден нем сведок за некогаш бројната еврејска заедница во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот