Во првите девет месеци од 2019 година половина милон луѓе побарале азил во Европа

Фото: Илустрација

Повеќе од 515 илјади барања за азил беа доставени до земјите-членки на ЕУ во текот на првите девет месеци од тековната година, речиси 10 отсто повеќе од минатата година. Право на азил сега е добиле околу една третина (34 отсто), соопшти Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО).

Најголем број баратели на азил доаѓаат од Сирија, Авганистан и Венецуела.

Шести месец по ред, авганистанските баратели на азил ја надминуваат Венецуела, а тој број достигна врв во септември, кога 5.600 побараа таков вид заштита.

Постапките за азил во моментов се решаваат за околу 900.000 луѓе.

Помалите земји претрпуваат непропорционален миграциски притисок, така што најмногу луѓе по глава на жител, побарале азил во Кипар, Малта, потоа во Грција, Шведска и Луксембург.

На пример, Кипар примиле 1.500 побарувања на милион жители, повеќе од двојно од второрангираната Малта (700 побарувања на милион жители).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот