Во престрелка во Кашмир загинаа тројца цивили

Вооружени лица во Кашмир / Фото: Архива

Пакистанската страна сè уште не го коментираше овој инцидент.

Индиските власти денеска соопштија дека тројца цивили, членови на исто семејство, ги загубиле животите во синоќешната престрелка меѓу индиските и пакистанските сили во индискиот дел на Кашмир.

Трагичниот инцидент се случил кога минофрлачка граната  ја погодила нивната куќа додека биле внатре.

Портпаролот на индиската војска изјави дека пакистанските сили нападнале индиски трупи стационирани долж линијата за демаркација во Кашмир, регион на чија територија во целост имаат право Индија и Пакистан.

Индискиот воен претставник додаде дека станува збор за непровоцирано кршење на примирјето во 2003 година и дека индиските сили реагирале соодветно на нападот. Пакистанската страна сè уште не го коментираше овој инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот