Во петок протест пред МВР зашто дозволија да им избега дивиот таксист што сексуално вознемири девојка

Протест организиран од организацијата Медуза/Фото: Фејсбук

Организацијата „Медуза“ во петок организира протест, кој е закажан во 15 часот пред Министерството за внатрешни работи.

-Како загрижени граѓанки и граѓани, феминистки и феминисти, девојки и жени ве повикуваме на протестен собир овој петок, 17 февруари, од 15 часот пред МВР. Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови ниту на улиците ниту во училниците, ни во болниците ни во домот. Ве повикуваме да го искажеме нашиот револт кон институциите кои треба да не заштитат од насилство, но очигледно не го прават тоа, пишува во јавниот повик и најавата за настанот.

Од Медуза додаваат дека полициските службеници повторно демонстрираат неспособност и недораснатост кога станува збор за жртвите на родово базирано насилство.

Последниот случај со пријава на сексуален напад кој во медиумите стана познат како „дивиот таксист кој и избега на полицијата“ по илјадити пат укажа на истите недостатоци на институционална поддршка на жртвите кои пријавуваат родово засновано насилство. Овој случај е еден од многуте во кои видовме како системски и општествено се потфрла кога станува збор за безбедноста и благосостојбата на девојките и жените во земјата, пишува во повикот за протестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот