Во пет до 12 часот протест на здравствените работници пред Министерството за здравство

матични лекари протест (1)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита денеска во 5 до 12 ќе протестира пред Министерството за здравство. Незадоволството на медицинските лица е поради тоа што не е потпишан Анекс за да се измени Колективниот договор за здравствена дејност и не им се покачени платите.

-Часот во кој се организира протестот претставува симболика на тоа дека после целиот наш труд и аргументиран пристап кон Министерството за здравство како социјален партнер во изминатите шест месеиц, веќе е време да се реализира самото потпишување. Идејата на протестот е да се изрази незадоволството кај членството на Самостојниот синдикат и вработените во здравствената дејност воопшто, со тоа што работниот процес во јавните здравствени установи нема да трпи последици. Пациентите во чија служба работат јавните здравствени установи ќе бидат во можност да ги добијат здравствените услуги кои би ги побарале на денот на протестот, велат од Синдикатот за „Слободен печат“.

Барањето на Самостојниот синдикат е потпишување на анексот да се измени Колективниот договор за здравствената дејност кој ќе утврди покачување на платите на сите вработени во дејноста.

Во анексот се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството со различни износи, што, според Советот, би значело одредено позитивно придвижување.

 – До овој момент, и покрај нашите отстапки и со тие одредени пониски износи на бруто корекција на коефициентите, кои во овој момент се пониски од она што би значело бруто корекција на минималната плата од 3.317 денари,  сѐ уште го немаме ниту потпишано анексот на Колективниот договор, ниту пак имаме одредено сознание кога тоа ќе се случи, рекоа синдикалците на последната прес конференција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот