Во Њујорк изгласан законот за легализација на марихуаната за рекреативна употреба

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната / Илустративна фотографија

Пратениците во американската сојузна држава Њујорк го усвоија Законот за легализација на марихуана, а гувернерот Ендру Куомо најави дека ќе го потпише новиот закон.

Предлог-законот беше поддржан од двата дома на Конгресот во Њујорк, каде Демократската партија има мнозинство.

Законот предвидува лицата над 21 година да можат да купуваат марихуана за рекреативна употреба, а ќе биде воспоставен и лиценциртан систем за испорака на производи од канабис до клиентите.

Њујорчани ќе имаат и право да одгледуваат и три зрели и три незрели растенија за лична употреба.

Законот веднаш стапува во сила, но продажбата ќе може да почне дури за 18 месеци до 24 месеци, бидејќи Њујорк мора да наметне правила и да формира комисија што ќе биде надлежна за секторот.

Сојузната држава Њујорк ќе ги укине казните за поседување помалку од 85 грама марихуана и автоматски ќе ги укине казните на осудените за поседување марихуана.

Властите во Њујорк проценуваат дека легализацијата ќе и донесе на сојузната држава приход од 350 милиони долари годишно. Њујорк ќе воведе данок на промет од девет отсто, плус дополнителен данок од четири проценти што ќе го делат локалните власти. Исто така, ќе биде потребен дополнителен данок врз основа на нивото на тетрахидроканабинол.

Марихуаната за рекреативна употреба е дозволена уште во 14 други сојузни американски држави и Областа Колумбија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот