epa08653395 Residents watch as the El Dorado Fire burns a hillside near Yucaipa in the San Bernardino National Forest, California, USA, 07 September 2020. EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Во Калифорнија и натаму беснеат три големи шумски пожари (ФОТО+ВИДЕО)

Три големи шумски пожари се уште беснеат во Калифорнија, а се предизвикани од рекордно високите температури во овој западен дел на САД.

Пожарникарите не се во можност да го изгаснат пожарот во централна Калифорнија, во округот Фресно. Огнот продолжува да се шири поради многу високите температури, зафаќајќи речиси 79.000 хектари, а истрагата за причините за пожарот се уште е во тек.

Пожарникари се борат со огнената стихија во калифорнија/ Фото:. EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Британските медиуми наведуваат дека локалните власти во областа Мадеира издале наредба за евакуација на граѓаните.

Пожарот во областа Сан Бернандино беснееше и во текот на ноќта, но до утринава неговиот интензитет се намали за седум проценти, потврдија властите.

Пожарникари се подготуваат за акција во Калифорнија/ Фото: EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Во националниот парк Кливленд се испратени околу 400 пожарникари во гаснењето на пожарот, што зафати над 10.000 ари, но засега неговиот интензитет е намален за само еден процент. Локалните власти издале повеќе наредби за евакуација и најавиле употреба на воени авиони за гаснење на огнот.

Резиденти гледаат во огнената стихија, Калифорнија, САД 07 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, синоќа прогласи вонредна состојба во областите Фресно, Мадеира, Марипоса, Сан Бернардино и Сан Диего.

Евакуација на населението 07 септември 2020 калифорнија, САД 2020/ Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот