Во Иран секои седум минути умира по едно лице од Ковид-19

Фото: Архива

Во Иран на секои седум минути од Ковид умира по едно лице, објави денеска државната телевизија, додека Министерството за здравство регистрира 215 нови смртни случаи од болеста.

Вкупно 17.405 лица починаа од Ковид-19 во земјата, а бројот на потврдени случаи се зголеми за 2.598, на 312.035, објави Министерството.

Некои експерти се сомневаат во точноста на официјалните ирански податоци за бројот на случаи. Во извештајот на истражувачкиот центар на иранскиот парламент од април се вели дека бројот на починати би можел да биде речиси двојно поголем од оној што го објавува Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот