Во Интер доаѓа напаѓач кој ќе се обиде да донесе ново Скудето!

Миланските „нераѕури“ го најдоа наследникот на Ромелу Лукаку/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Ромелу Лукаку се врати во Челзи, навивачите на Интер беа и лути и разочарани поради таквиот трансфер, но челниците на миланските „нераѕури“ имаат план како клубот повторно да доминира и во новата сезона.

Раководството на интер најде играч кој ќе се обиде да го компензира заминувањето на најдобриот стрелец минатата сезона во Интер, Лукаку.

Според добро информираниот весник „Гаѕета дело спорт“, новиот напаѓач на Интер ќе биде синот на легендарниот француски фудбалер Лилијан Тирам, Маркус, кој играше одлично за Борусија Менхенгладбах во претходните сезони. Од 2019 година Тирам за бундеслигашот досега има 61 настап и 18 голови.

Германскиот клуб бара 30 милиони евра за услугите на својот играч, „Гаѕета“ тврди дека трансферот ќе чини 25 милиони евра плус бонуси.

Дали Маркус Тирам и Лаутаро Мартинез ќе бидат тандемот што ќе го брани Скудетото во Италија, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот