Во Хонг Конг отворено првото канабис кафуле (ВИДЕО)

Канабисот е нелегален во Хонг Конг, но новото кафуле нуди производи што содржат делови од растението канабис без притоа да се кршат локалните закони, пренесува Бета.рс.

Кафулето „Пронајдено“ (Found) е првото во градот што нуди различни кафиња, колачи, пива и овошни сокови кои содржат канабидиол или ЦБД, супстанца од билката канабис, за која се вели дека има терапевтски ефекти.

Тетрахидроканабинол канабисот, познат како THC, е психоактивна состојка која, доколку се консумира во големи количини, ги „крева“ корисниците. Но, за разлика од THC, CBD најчесто се користи за намалување на стресот без нус појави.

Една гостинка на кафулето, Килијан Хусеи, вели дека пиењето кафе со ЦБД е релаксирачко.

-Кафето е вкусно и ми се допаѓа ефектот што ЦБД-то го има врз мене- вели Хусеи, додавајќи дека „когнитивно и физички, некако ми помага да ги надминам маките на нормалниот ден“.

Шише ладно ЦБД кафе во кафулето чини 80 хонгкошки долари, околу десет американски долари, додека лименка пиво со ЦБД чини околу девет американски долари. Кафулето, кое беше отворено овој месец, се очекува да биде целосно оперативно во октомври.

-Хонг Конг е всушност еден од најнапредните пазари на канабиноиди во Азија- рече Фиахра Мулен, ко-сопственик на Алтум Интернешнл, добавувач на канабиноиди во Азија, кој работи со „Found“.

За разлика од другите делови на регионот: Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, законот за канабиноид во Хонг Конг е најфлексибилен.

Мулин вели дека се надева дека кафулето може да помогне во разбивање на предрасудите за производите со ЦБД и сака ЦБД-то да го оддалечи од употребата на канабис и дрога.

Кафулето може да продава храна што содржи канабиноиди се додека нема THC во производите, рече тој.

Според Центарот за безбедност на храна во Хонг Конг, Регулативата за опасни дроги го прави увозот на канабис или било какви производи што содржат контролирани канабиноиди за кривично дело.

Иако ЦБД-то е канабиноид, според законите на Хонг Конг не е класифициран како опасна дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот