Во Холандија уапсена двојка поради бегство од ковид-хотел

Холандија ковид-19 коронавирус трговски центар
Луѓе во трговски центар во Холандија / Фото: EPA-EFE/Ramon van Flymen

Холандската жандармерија соопшти дека на аеродром во Амстердам е уапсиле двојка која „побегнала” од хотел во Амстердам, каде патниците кои пристигнале од Јужна Африка позитивни на ковид-19 биле ставени во карантин.

Портпаролот на жандармеријата изјави дека двајцата биле уапсени во авион што се подготвувал да полета за Шпанија и 30-годишниот Шпанец и 28-годишната Португалка се предадени на здравствените власти.

Инцидентот се случи откако холандските власти објавија дека 13 лица, од вкупно 61 тестирани, биле позитивни на коронавирус меѓу патници кои пристигнале со два лета до аеродромот во петокот. Тие се заразени со новиот сој Омикрон на коронавирусот. Против двајцата „бегалци” ќе биде поднесена тужба за нарушување на јавната безбедност.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот