Во Херсон ќе се плаќа со рубљи

фото рубљи

Руските окупатори на украинската област Херсон го повикаа населението да ги замени своите заштеди за руски рубљи, јави ДПА.

Од 1 јануари завршуваат плаќањата во украинската национална валута, гривна, соопшти денеска преку видео порака на каналот Телеграм шефот на окупаторските сили, Владимир Салдо.

Како причина, пренесува ДПА, Солдо го наведува огромниот пад на вредноста на гривната поради економските проблеми на Украина, додавајќи дека украинската валута „се претвора во обична хартија”.

Регонот Херсон, и истоимениот главен град, како и неколку други градови во него, повторно под контрола на Украина. Меѓутоа, поголемиот дел од регионот и натаму е окупиран од руски војници.

Одлуката за промена на валутата, претходно беше објавена во октомври, и е дел од мерките за припојувањето на регионот на руска територија.

Од почетокот на војната украинската национална валута – гривната изгуби околу 50 отсто од својата вредност во однос на доларот.

Во другите анектирани региони, Луганск и Доњецк, рубљата веќе некое време е воведена како оицијална валута, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот