Во Грција регистриран прв смртен случај од вирусот Западен Нил

Фото: eody.gov.gr

Според официјалните податоци, вирусот во земјата е присутен од 2010 година, а заклучно со лани, во периодот 2010-2019 година биле регистрирани вкупно 1.216 случаи и починале 170 лица.

Пациент со претходни здравствени проблеми и возраст од над 80 години е првиот регистриран смртен случај во Грција од вирусот Западен Нил, додека пак во земјата се дијагностицирани вкупно десет заразени лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција, од десетте потврдени случаи, пет се хоспитализирани, четворица пациенти биле отпуштени од болниците, а еден почина.

Првите два случаи на Западен Нил во Грција беа регистрирани на 19 јули кога Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека случаите, со оглед на тоа што речиси секоја година во текот на летото и есенските месеци, „се појавуваат случаи во разни области (и) во Грција”, се очекувани во актуелниот период.

Според официјалните податоци, вирусот во земјата е присутен од 2010 година, а заклучно со лани, во периодот 2010-2019 година биле регистрирани вкупно 1.216 случаи и починале 170 лица.

Во 2015 и 2016 година не бил регистриран ниту еден случај, а најмногу заразени и смртни случаи имало во 2018 година – 317 случаи и 51 починат.

Минатата година биле регистрирани 227 случаи, а починале 35 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот