Во Данска демонтирана нелегална фабрика за цигари, уапсени 13 луѓе

Вкупно 13 лица беа уапсени во Данска за нивната наводна улога во шверц на фалсификувани цигари произведени во тајна фабрика, наменета за Велика Британија.

Навремената размена на разузнавачки информации преку Европол меѓу дански, холандски и полски истражители беше од суштинско значење за успехот на истрагата спроведена во рамките на Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (ЕМПАКТ), се вели во соопштението на Европол.

Првата акција беше на 2 март во Данска, каде беше демонтрирана нелегална фабрика во општина Вамдруп. Тоа е прв случај на демонтирање нелегална фабрика во таа држава.

Уапсени се 13 лица од полска и украинска националност и запленети се 11 милиони цигари, заедно со 11 тони суров тутун и комплетна линија за производство. Вредноста на запленетите производи од тутун на илегалниот пазар на Велика Британија е околу 13 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот