Во Британија во првите три месеци е регистриран рекорден број на мигранти

Мигранти/ Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Од почетокот на годината до вчера во Велика Британија пристигнале 4.644 баратели на азил, покажуваат денеска објавените податоци на британското Министерство за внатрешни работи.

Во извештајот се посочува дека од почетокот на 2024 година до 26 март биле регистрирани 4.644 лица кои го преминале Ла Манш. Во истиот период лани имало 3.770, а претходниот рекорд бил во 2022 година – 4.162 луѓе.

Британскиот премиер Риши Сунак се надева дека планот за враќање на мигрантите од Велика Британија во Руанда ги одврати луѓето од опасното преминување на каналот помеѓу Велика Британија и Франција. Идниот месец Парламентот ќе гласа за закон со кој ќе се операционализира планот на Сунак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот