Во Баерн не се глупави да го пуштат Ноер

Легендарниот германски голман, Сеп Маер, верува дека управата на Баерн Минхен нема да направи глупост и да му дозволи на Мануел Ноер да си замине.

Договорот на Ноер со германскиот тим истекува наредното лето, а неколкуте средби за евентуално продолжување на соработката завршија без договор.

Наводно, Мануел Ноер од Баерн барал петгодишен договор со плата поголема од 20 милиони евра годишно. Челниците на германскиот шампион бараат компромис и засега му нудат двегодишен договор.

Не мислам дека ќе бидат толку глупави да го пуштат Ноер. Многу ќе зажалат доколку го направат тоа. Во овие моменти нема подобар голман од Ноер и нема да го има во наредните пет години – изјави Сеп Маер, легендарниот голман на германската репрезентација и на Баерн Мимнхен.

Доколку не успеат да се договорат со Ноер, баварците веќе имаат подготвено замена за него во Александер Нибел, актуелниот голман на Шалке, кој на „Алијанц“ арената доаѓа пред стартот на новата сезона. Нибел се смета за еден од најдобрите млади голмани во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот